Навивачи на стадион на оригинален начин си разменија броеви и почнаа да се навредуваат по телефон (Видео)

На натпреварот од плејофот во англиската Лига 1 помеѓу Питерборо и Шефилд вензди, на трибините имаше спротивставени навивачи кои поради галамата не можеа да се разберат, па смислија оригинален начин како да се слушнат и да си кажат што имаат.

Едниот навивач со прстите на рацете му го диктираше телефонскиот број на противничкиот фан, па овој му се јави на мобилниот и почнаа разговор кој заврши со непристојно гестикулирање еден кон друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести