Навивачи за пример: Собраа 652.000 евра, за да го сочуваат името на стадионот

Навивачите на Ајнтрахт Брауншвајг успеаја да соберат повеќе од 650.000 евра што треба да биде финансиска помош за клубот да го задржи изворното име на стадионот без да биде променето во име на некој спонзор.

Акцијата на навивачите започна во мај 2022 година, а до денеска се собрани вкупно 652.421 евра и целата сума ќе биде донирана за нивниот омилен клуб да не го промени името на стадионот „Ајнтрахт-стадион“.

Во донацијата се вклучиле вкупно 2.773 навивачи, што значи дека секој од нив во просек одвоил повеќе од 200 евра за помалку од една година. Со овие собрани средства, сигурно е дека името на стадионот нема да се смени до 2025 година.

„Во текот на целата кампања постоеше оптимизам дека ќе се соберат средствата. Се надеваме дека во иднина ќе биде јасно каква вредност има името за целиот наш град и за нашите навивачи. Ние сме единствниот клуб во Германија каде што името на клубот може да се најде во името на стадионот“, велат од здружението на навивачите на Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести