Навивачите дивеат по корона-кризата, во НБА почнаа да апсат (Видео)

Серија инциденти имаше во НБА по враќањето на публиката на трибините, а ноќеска имаше и апсење на хулиган, кој од трибините на „ТД гарден“ во Бостон го гаѓаше Кајри Ирвинг со шише.

За среќа, не го погоди и поранешниот кошаркар на Бостон, сега една од главните ѕвезди на Бруклин нетс мина без повреда. Навивачот на Келтите веднаш беше уапсен и одредена му е и доживотна забрана за следење на НБА-натпревари.

Ирвинг одигра извонредно, без оглед на инцидентот, и со 39 поени беше дел од фантастичното трио заедно со Дурант и Харден, кои заедно постигна дури 104 поени, што е нов рекорд во плејоф меч во НБА-лигата.

Инцидент каков што му се случи на Кајри имаше и на неколку други натпревари во плејофот. НБА дозволи по долг период да има публика на трибините, па и Расел Вестбрук беше полеан со вода од трибините во Филаделфија, а членови на семејството на Џа Морант од Мемфис гризлис беа вербално нападнати на трибините во Јута.

 

- Оглас -

Најнови вести