Навивачите ги „затворија“ играчите поради лошите резултати

Фудбалерите на Специја вчеравечер ги завршија своите настапи во Италијанскиот куп откако со 2:0 беа поразени од второлигашот Лече на домашен терен.

Сето тоа предизвика големо незадоволство кај навивачите, коишто по последниот судиски свиреж ги затворија играчите на стадионот и не им дозволија да си заминат дома.

Тимот игра навистина лошо и во Серија А, каде што с на 17-тото место само со 12 освоени бодови, а на последните шест средби има пет порази и еден нерешен исход.

По елиминацијата, тренерот Тијаго Мота беше запрашан дали ќе си поднесе оставка, а тој бараше да му биде поставено друго прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести