Навивачите на Атлетико пееја на „Дуомо“, а потоа добија контра од фановите на Интер, и тоа таму каде што најмногу ги боли (Видео)

Интер и Атлетико Мадрид вечерва на „Џузепе Меаца“ ќе играат во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а атмосферата во Милано е на високо ниво. Од Мадрид пристигнати се поголем дел навивачи на Атлетико, кои го запоседнаа главниот плоштад во Милано, познатиот Дуомо.

Гостинските фанови започнаа да пеат свои песни, а таму беа и поголем дел од симпатизерите на Интер, па постоеше страв дека може да настане и неред. Сепак, наместо неред, домашните фанови решија на креативен начин да возвратат. На песната на навивачите на Атлетико возвратија со пеење на химната на Реал Мадрид, најголемиот ривал на Јорганџиите.

Гостинските навивачи од Мадрид останаа збунети, што само беше доказ дека одлична била идејата на симпатизерите на Интер.

Интер сезонава игра одлично, лидер е во Серија А, но и сега во мечот со Атлетико Мадрид ја има улогата на фаворит. Гостите се тим кој знае да биде многу непредвидлив, па во Милано вечерва се очекува интересен дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести