Многумина од играчите, а и тренерот Ханси Флик го посочија судијата Шимон Марчињак како еден од главните виновници за нивната елиминација од Интер, но голем број фанови на Барселона сметаат дека вистинскиот трагичар е всушност нивниот капитен и дефанзивец Роналд Араухо.
Араухо е „прогласен за виновен“ што не го блокираше Ачерби при голот за 3-3, а тоа му се става на товар и при голот на Фратези за 4-3.
Не е првпат Араухо да ја упропасти сезоната во ЛШ на Барса. Лани во четвртфиналето во моменти кога Барса имаше доминација против ПСЖ, Уругваецот направи црвен картон и мечот се сврте во полза на Французите кои го искористија тоа и ги елиминираа Каталонците. Само што му го простија тој „грев“, Араухо пак ги налути фановите.
„Оди си од клубот“, „Многу ќе уживам во пораките со омраза кои ќе ги добиваш“, „Ти си микс од Мегваер и Ориол Ромеу“, се дел од коментарите кои ги доби на „Инстаграм“, па мораше да ја блокира опцијата за пораки и коментари.