Навивачите на Барселона ќе се збунат од коефициентот за „двојка“ во Мадрид

Реал Мадрид против Барселона е доволно да се каже и да се знае дека се очекува вистински спектакл. Двата најтрофејни клуба во Шпанија ќе играат на „Сантијаго Бернабеу“ во меч кој може многу да реши околу прашањето за титулата во Примера дивисион. Барселона е лидер со два бода предност, но Реал ќе игра на свој терен.

БАРСЕЛОНА Е ПОУСПЕШНА, РЕАЛ ГО ЧЕКА 100-ТИОТ ТРИУМФ

Ова е ривалство кое трае повеќе од 100 години. Досега се одиграле вкупно 276 дуели меѓу Реал Мадрид и Барселона (вклучувајќи ги и пројателските), а предноста е на страна на Каталонците. Барселона има 115 победи, Реал ја чека 100-тата радост, а 62 меча досега завршиле нерешено.

Реал Мадрид може да се пофали со најубедливата победа и тоа е со резултат 11:1 на меч одигран во јуни 1943 година. Првата средба е одиграна на 13 мај 1902 година и завршила со победа на Барселона од 3:1. Последниот меч е оној од пред два и пол месеци, кога на „Камп Ноу“ беше 0:0.

КАПИТЕНИТЕ РАМОС И МЕСИ СЕ И РЕКОРДЕРИ

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е играчот со најмногу мечеви на Ел Класико. Дефанзивецот на мадриѓани досега има одиграно 43 Ел Класика. И капитенот на Барселона, Лионел Меси може да се пофали со рекорд. Аргентинецот е најдобар стрелец во историјата на Ел Класико. Меси досега има дадено 26 голови во дуелите против Реал Мадрид.

БАРСЕЛОНА ПОБЕДИ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ЛИГАШКИ МЕЧА ВО МАДРИД, НО СЕГА РЕАЛ Е ФАВОРИТ

Помалку збунувачки можеби делува фактот дека Реал Мадрид е во улога на фаворит на овој меч. Точно е дека Барселона има проблеми со повредени играчи и нема да ги има Суарес и Дембеле на располагање, но тоа не значи дека гостите се аутсајдери.

Посебно во корист на Барселона оди фактот дека победи на последните четири лигашки мечеви во Мадрид. Реал на свој терен во Примера последен пат се радувал во октомври 2014 година.

РЕАЛ Е ВО МИНИ КРИЗА, БАРСЕЛОНА ИГРА СЛАБО НА ГОСТИ СЕЗОНАВА

Реал има лоша форма според последните пет меча одиграни во изминативе 25 дена. Три порази, едно реми и само една победа за Реал е билансот пред дуелот со Барселона. Сепак во корист на домаќините е фактот дека Реал сезонава не загуби ниеднаш дома (8 победи и 4 реми), додека Барселона игра слабо на гости. Каталонците сезонава имаат само 5 победи во 12 меча надвор од „Камп ноу“.

Можеби токму поради тоа што Барселона не е комплетна и игра слабо сезонава на гости, фаворитската улога е за Реал Мадрид на овој дуел, кој започнува во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести