Навивачите на Барселона очајни и удрија по клупската легенда: Чави е*и се, идиоту потроши 300 милиони евра

На навивачите на Барселона тешко им падна вчерашното реми со Интер (3:3) во Лигата на шампионите и денеска на социјалните мрежи „удрија“ по клупската легенда Чави Ернандез, кој е тренер на каталонскиот тим.

Барселона по ремито против Интер има минимални шанси да го освои второто место во групата Ц бидејќи има четири бода, три помалку од Нераѕурите и послаб скор во директниот дуел.

Во последните две кола во групната фаза, Барселона и Интер ќе играат против Баерн Минхен и Викторија П’лзењ, но на италијанскиот тим му е доволна една победа за пласман во нокаут-фазата.

Ваквиот расплет на настаните многу тешко им падна на навивачите на Барселона, кои своите фрустрации и незадоволство ги изразија на социјалните мрежи.

„Се чини дека на Барса ѝ треба уште една финансиска инјекција. Многу добро воден клуб“, „Подготвувајте ги куферите за Лигата на Европа“, „Сите го пофалија Чави како нов Пеп, а јас реков дека не е подготвен. Овој идиот потроши 300 милиони евра и одиме во Лигата на Европа“, „Алонсо пред Балде? Е*и се Чави“, „Е**се, види ја оваа одбрана“, „Чави си ги комплицира работите“, се само дел од коментарите на навивачите на Барселона на „Твитер“.

Освен Чави, особено цел беа Жарарт Пике и Серхио Бускетс.

„Никогаш не сакам повторно да ги видам како играат од првата минута“, „Ако не се пензионираат по овој натпревар, никогаш повеќе нема да ги наречам клупски легенди“, „Треба да се забрза нивното заминување, ние сме е**но уморни од нив“, „Пике и Бускетс се најлошите играчи што сум ги видел“, „Мислам дека никогаш нема да им простам за оваа катастрофа. Без Араухо ние сме ништо“.

- Оглас -

Најнови вести