2.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Навивачите на два познати калчолигаши нема да смеат да одат на гостување до крајот на сезоната

Италијанското министерство за внатрешни работи донесе одлука според која на навивачите на Рома и на Фиорентина им се забранува да одат на гостинските натпревари на нивните екипи во Серија А до крајот на сезоната.

Оваа одлука на министерството е поради тепачката која минатата недела се случи на сред автопат, а во која учествуваа навивачи на овие два клуба. Околу 200-мина навивачи беа вклучени во инцидентот, кога во близина на Болоња беше дури и сопрен сообраќајот поради нередите на навивачите.

Навивачите на Фиорентина патувале кој Бергамо, а тие од Рим биле во Торино. фановите на Рома и Фиорентина биле наоружани со палки и друго ладно оружје. За среќа, немаше пријавено повредени во овој инцидент, но министерството реши дека е време да се казнат навивачите на двата клуба.

- Оглас -

Најнови вести