Иако во Хрватска влезот е забранет за навивачите на стадионите, навивачката група Торцида успеа за момент да го прекине мечот меѓу Хајдук Сплит и Вараждин, кој се одигра на „Пољуд“.
Во 63-тата минута на теренот налета сигнална ракета, па како што пренесуваат хрватски медиуми, тоа е дело на фамозната навивачка група. Инаку, Хајдук претрпе шокантен пораз со 2-3 од Вараждин, па јасно е зошто Торцида е фрустрирана.