Навивачите на Интер приредија емотивен пречек за клупската легенда Дејан Станковиќ (видео)

Екипата на Црвена ѕвезда вчера пристигна во Милано, каде што на „Сан Сиро“ вечерва треба да го одигра реванш-дуелот од Лигата на Европа против Милан.

По пристигнувањето во Градот на Модата, тренерот на српскиот првак Дејан Станковиќ беше пријатно изненаден од страна на навивачите на Интер, кои го пречекаа со песна и транспаренти, па дури и запалија црвен факел во чест на неговата Ѕвезда, што е некарктеристично за Нераѕурите.

Станковиќ поголемиот дел од кариерата го помина токму како играч на Интер. Во сино-црниот дрес освои вкупно 15 трофеи, од кои пет се титули во Серија А, како и фамозната триплета во сезоната 2009/10 заедно со Горан Пандев.

Црвено-белите вечерва ќе имаат дополнителна поддршка од тифозите на Интер, на кои сигурно ќе им биде мило доколку Милан не успее да ја искористи предноста од 2-2, односно двата гостински погодоци од дуелот во Белград за пласман во следната фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести