Навивачите на Интер со порака до својот капитен: „Милано секогаш ќе биде твој дом“ (Фото)

Словенечкиот репрезентативен голман Самир Хандановиќ по 11 години налето ќе го напушти миланскиот Интер. Неговиот договор истекува и речиси сигурно нема да биде продолжен бидејќи предност меѓу стативите има многу помладиот Камерунец, Андре Онана.

На полуфиналето од Купот на Италија, на трибините на „Џезепе Меаца“ беше истакнат транспарент со кој навивачите му се заблагодаруваат за голманот кој го бранеше голот на Интер на над 400 натпревари.

„Самир, горди сме на тебе. Милано секогаш ќе биде твој дом.“

Хандановиќ оваа сезона бранеше само на 12 натпревари за Интер, а во својата кариера настапуваше и за Домжале, Удинезе, Тревизо, Лацио и Римини. За словенечката репрезентација собра 81 настап.

- Оглас -

Најнови вести