Навивачите на Јунајтед со сеир за 100-милионското засилување на Ливерпул: Комбинација од Лукаку и Вернер

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес немаше деби како што посакуваше во дресот на Ливерпул. Неговиот тим загуби со 4:0 од големиот ривал Манчестер јунајтед, а Нуњес имаше едно големо промашување поради кое се најде на удар кај фановите на Ливерпул, но и даде доза за сеирџиски муабети кај фановите на Црвените ѓаволи.

Нуњес во Ливерпул дојде за трансфер од 100 милиони фунти, а фановите на Манчестер јунајтед пишуваат дека тој е комбинација од прием на топка на Ромелу Лукаку и завршницата на Тимо Вернер.

https://twitter.com/i/status/1546869027556827137

Дури и на тренинзите на Ливерпул, Нуњес беше забележан дека има лоша реализација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести