Навивачите на Јуве гледаат и плачат: и нив и Дибала ги „уби“ носталгија! (Фото)

Пауло Дибала после седум години во Јувентус, во летото 2022 година се пресели во Рома, но уште е популарен кај фановите на Старата дама од Торино.

Овој 30-годишен Аргентинец синоќа доби аплаузи од фановите при гостувањето кај Јуве, а дека не му беше сеедно, потврдува и една емотивна фотографија направена пред почетокот на средбата. Дибала облечен во опрема на Рома, од страна ги гледаше фудбалерите на Јуве со кои и тој беше соиграч до лани. Можеби и тој посакуваше да им се придружи и да се потсети на старите времиња, но реалноста е сурова, синоќа беа на различни страни.

„Гледам и плачам“, коментираат фанови на Јуве по социјалните мрежи за оваа фотографија. И тие жалат што Дибала веќе не е во црно-белиот дрес.

После мечот, Дибала имаше емотивна средба со Душан Влаховиќ, па си ги разменија и дресовите, уште една ситуација која разбуди емоции и носталгија кај навивачите.

- Оглас -

Најнови вести