Навивачите на Лајпциг фрлаа тоалетна хартија, фановите на Тотенхем аплаудираа (Видео)

Тимо Вернер погоди од пенал во 56-тата минута, што беше доволно за победа на Лајпциг на гостувањето кај Тотенхем. Навивачите на Лајпциг задоволни си заминаа од резултатот и победата на нивниот тим, но и од фактот дека добија поддршка од фановите на Тотенхем кога решија да протестираат поради скапите билети кои ги плаќаат за да гледаат мечеви во живо.

Гостинските навивачи на кратко го прекинаа мечот во Лондон фрлајќи тоалетни хартии на теренот, а кога извадија транспарент на кој пишуваше „Да застанеме за нормални цени на влезниците“, добија аплауз од поголем дел од фановите.

- Оглас -

Најнови вести