Навивачите на Лацио во делириум, Тудор пред да дојде на „Олимпико“, одбил два големи ривали од Серија А

Хрватскиот стратег Игор Тудор се согласи да го наследи Маурицио Сари на клупата на „разнишаниот“ Лацио, а навивачите на римскиот тим се воодушевија откако дознаа кого сè одбил за да го преземе нивниот тим.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, откри дека пред да каже Да на Лацијалите, Тудор ги одбил понудите на градскиот ривал Рома и на сè уште актуелниот италијански шампион, Наполи.

Тудор со Лацио потпиша договор на една и пол година и ова значи негово враќање во Италија бидејќи претходно ги водеше екипите на Удинезе и Верона, а му беше помошник и на Андреа Пирло во Јувентус.

Последен ангажман му беше на клупата на Олимпик Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести