Навивачите на Лејкерс искршија од ќотек човек кој го навредил Коби (Видео)

Додека ја прославуваа шампионската титула во НБА, навивачите на Лос Анџелес лејкерс претепаа еден нивен сограѓанин кој додека тие дивееја низ улиците, им рекол „Е.. се Коби!“

На снимка која се шири по социјалните мрежи се гледа како група од десетина навивачи на Езерџиите го шутираат и го газат човекот кој го навредил покојниот Коби Брајант, најголемиот играч во историјата на Лејкерс.

Брајант, кој целата 20-годишна кариера ја мина во Лејкерс, загина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа. Не е баш паметно да се навреди таква НБА-легенда, особено не додека неговите фанови се во еуфорија и прославуваат по улиците на Лос Анџелес.

Погледнете како си помина човекот кој пред фановите на Лејкерс го навреди нивниот омилен Коби:

- Оглас -

Најнови вести