Навивачите на Лестер треба да ги подготват пасошите, маки за Тотенхем (Видео)

Лестер славеше на гостувањето кај Њукасл со 3-0, и се зацврсти на второто место на табелата во Премиерлигата, со 10 бода заостаток од лидерот Ливерпул, а 14 бода плус во однос на петтиот Манчестер јунајтед кој има и еден меч помалку.

Првиот гол го даде Ајозе Перес, кој во претходните пет сезони насташуваше за Њукасл, а потоа погоди и Џејмс Медисон кој е „снајперист број 1“ според головите од надвор од 16-ник во оваа и минатата сезона.

Сезонава Медион има четири гола со шутеви од далечина, никој друг во Премиерлигата нема повеќе од него. Ајозе има шест гола и две асистенции на последните пет настапи на „Сент Џејмс парк“. Кога ги даде головите, Лестер имаше 6 погодоци во последните 75 минути игра против Њукасл со кого се сретнаа и на 29 септември.

Жозе Мурињо првпат почувствува како е да се загуби во Саутехмптон, досега имаше по три победи и порази на гостувањата против овој клуб. Но, Дени Ингс со својот 13-ти гол (повеќе од него има само Џејми Варди) сезонава им донесе триумф на Светците против лондонските Петли од 1-0. Проблем за Тотенхем е и тоа што им се повреди Хари Кејн.

Вотфорд славеше 2-1 над Вулверхемптон. Абдулаје Дукуре стана првиот играч во историјата на Вотфорд кој дал премиерлигашки гол на својот роденден и прв што погодил за Вотфорд на 1 јануари. Стрелец за гостите беше Педро Нето кој со 19 години и 298 дена е најмлад стрелец за Вулфс на меч од Премиерлигата.

https://www.youtube.com/watch?v=NjwajxZRLNs

- Оглас -

Најнови вести