Навивачите на Левски веќе се на трибините на Арената „Тодор Проески“ (Фото)

Навивачите на Левски Софија веќе се на трибините на Националната арена „Тодор Проески“, каде што од 21 часот ќе се игра мечот меѓу Шкупи и бугарскиот тим во рамките на квалификациите за пласман во Лигата на конференции.

Иако бугарските медиуми најавуваа дека најмалку 1.000 навивачи на Левски ќе присуствуваат на вечерашниот дуел во Скопје, а капитенот на тимот провоцираше дека тие ќе се чувствуваат како дома, бројката фанови кои допатуваа од Софија е помала од најавуваната.

Неколку стотици навивачи се сместени во сектор на Западната трибина на арената „Тодор Проески“ и засега нема провокации.

- Оглас -

Најнови вести