Навивачите на Лилестром „го обесија“ поранешниот тренер (Видео)

Синоќа во рамки на норвешкиот шампионат се сретнаа Лилестром и Валеренга, а свој перформанс на трибините имаа домашните навивачи кој беше наменет за тренерот на гостите.

Геир Баке минатата сезона го предводеше Лилестром, но летово одлучи да ја прифати финансиски подобрата понуда од Валенрега. Домашните фанови тој потег го сметаат за предавство и на вчерашниот меч му покажаа на Баке што мислат за неговото заминување во Валеренга.

Тие објавија транспарент на кој беше „обесен“ Баке, а во раката држи вреќа пари.На челото му беше напишано „Јуда“.

Лилестром славеше со 2:0 и тоа со головите на Росет во 27-та и на Боли во 69-та минута.

- Оглас -

Најнови вести