Навивачите на Ливерпул, втора година по ред го одбраа најдобриот играч во Лацио!

Бразилскиот фудбалер Лукас Леива пред две години од Ливерпул направи трансфер во Лацио. Искусниот 32-годишен играч за врска претходно помина 10 години во Ливерпул, но откако тренерот Јирген Клоп реши дека нема да му биде потребен, Леива мораше да си најде нов клуб. Лацио беше неговиот избор, а покрај тоа што си замина од „Енфилд Роуд“, навивачите не го заборавија Бразилецот.

Токму фановите на Ливерпул се најзаслужни што Леива, речиси сигурно втора година по ред ќе биде избран за најдобар фудбалер на Лацио. Како е можно фановите на Ливерпул да одредат кој е најдобар играчи на Лацио во сезоната?

Секоја година, Лацио преку интернет им дава можност на навивачите да одберат кој е најдобриот играч во тимот за сезоната. Минатата сезона гласањето се правеше на официјалната страна на Лацио, а право на глас имаа сите кои ќе се логираат.

Помалку чудно делуваше тоа што лани, Леива беше убедливо најдобар фудбалер во тоа гласање, но кога беше напрвен преглед на тоа од каде се стигнати гласовите, беше утврдено дека најмногу гласови има од Ливерпул и сите биде за Леива.

Вистинските фанови на Лацио се бунеа на ваквиот пристап за гласање, но челниците на клубот и оваа година нер променија ништо, мислејќи дека нема да се повтори ланскиот хаос. Но, згрешија. Леива повторно е убедлив во галсањето за најдобар фудбалер.

Сезонава гласањето се врши на официјалниот твитер профил на Лацио, а интересни беа резултатите во полуфиналето од гласањето. Во конкуренција на Фелипи Каиседо и Сергеј Миленковиќ-Савиќ, Леива доби 88 отсто од гласовите, а СМС и Каиседо само по 6 отсто од гласовите. Бидејќи Лацио не го смени системот на гласање, многу очигледно е дека и годинава нема да се смени името на најдобриот играч во италијанскиот клуб за минатата сезона.

Навивачите на Ливерпул го одбраа Леива.

- Оглас -

Најнови вести