Навивачите на Марсеј протестираат за трансферот на Веретут

Олимпик Марсеј е блиску до комплетирање на трансферот на Жордан Веретут од Рома за сума од 11 милиони евра, но клубот наиде на негативни реакции околу ангажманот.

Имено, најверните навивачи на Марсеј не сакаат во нивниот тим да игра фудбалер кој во минатото бил замешан во скандал со сексуално насилство. Наводно, Веретут ги платил судските трошоци на неговиот очув кој бил обвинет за сексуален напад врз една од своите ќерки. Очувот на Веретут беше обвинет на двегодишна затворска казна минатата година.

Поради ова, навивачите сметаат дека ќе се нарушат моралните вредности на клубот, но Веретут и покрај тоа е на пат кон татковината и во најскоро време ќе биде промовиран во нов член на поранешниот европски шампион.

- Оглас -

Најнови вести