Навивачите на Милан денеска го слават „Денот на Ибра“

Дојде и денот кој навивачите на Милан го чекаа неколку месеци. Златан Ибрахимовиќ повторно може да заигра за Росонерите, првпат после заминувањето во 2012 година, за кое кажа дека било против негова волја. Швеѓанецот сега има 38 години, но уште е голема закана за противничките голмани и одбрани, па во Милан имаат огромни очекувања тој да му помогне на тимот.

Ривал како Сампдорија е порачан и шанса за Милан да освои три бода и да се зацврсти во средината на табелата, со надеж дека ако направи убава серија, можеби на крај ќе стигне и до квалификации за Лига Европа.

Ибрахимовиќ рече дека не дошол во Милан да биде само маскота, туку со игри и голови да го вивне тимот во височини на кои заслужува да биде. Ако успее својот победнички менталитет да го пренесе на соиграчите, за навивачите на Милан може да има многу радости во наредните шест месеци. Ибра на шега порача дека ако на трибините нема барем 70.000 луѓе, нема да игра. Тифозите се на потег, сите очи на „Сан Сиро“ ќе бидат вперени кон еден човек, Златан Ибрахимовиќ. На него е да покаже дека може да биде вистински лидер на тимот.

- Оглас -

Најнови вести