Навивачите на Милан најавија инвазија на гостувањето, директорот на Сасуоло има едноставно објаснување

Повеќе од 100.000 навивачи на Милан испратиле барање за карта за мечот Сасуоло – Милан кој ќе се игра во последното коло во италијанската Серија А. Милан веќе 11 години чека да се израдува на титулата, а Росонерите доволно е да не загубат кај Сасуоло и сигурно ќе бидат новиот првак на Италија.

Токму затоа, фановите на Црвено-црните се во невидена еуфорија и сите сакаат да бидат на стадион за решавачкиот дуел. Стадионот „Мапеи“, на којшто игра Сасуоло, собира само 21.500 гледачи и е премал да ги задоволи барањата на сите 100.000 навивачи на гостите.

Околу 3.000 билети ќе бидат за навивачите со сезонски билети на Сасуоло и за спонзорите, а останатите ќе бидат за гостите, што значи дека Милан ќе игра како дома.

„Едвај чекам дуелот против Милан да дојде и да пројде. Од минатата недела телефонот не престанува да ми ѕвони. Сите бараат карти, но не знам што да очекуваат од стадион кој собира малку повеќе од 21.000 гледачи. Со нетрпение чекам да дојде понеделник“, рече директорот на Сасуоло, Џовани Карневали.

- Оглас -

Најнови вести