Навивачите на Милвол покажаа зошто се хулигани број 1 (Видео)

Еден маж е посериозно повреден при тепачката помеѓу навивачите на Милвол и Евертон, која се случи пред двобојот на овие тимови во ФА купот на Англија. Лондонските власти соопштија дека повредениот има 20 години и бил примен во болница, но повредите не му се опасни по животот.

На видеото се гледа како две групи, едните фанови на Милвол, другите на Евертон, се тепаат во јужниот дел на Лондон. Полицијата работи на идентификација на учесниците во инцидентот.

Милвол успеа на драматичен начин да го изненади и елиминира Евертон со 3:2, а навивачите на „карамелите“ беа задржани на стадион долго време после завршувањето на мечот.

https://twitter.com/i/status/1089210770125176838

- Оглас -

Најнови вести