Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе прави голема реконструкција под раководство на Жозе Мурињо, кој се очекува да ја преземе клупата ако Флорентино Перес победи на претседателските избори на клубот на 7 јуни. Веќе се прават планови, кои треба потоа да се реализираат експресно.
На Кралскиот клуб му е потребен нов десен бек, како конкуренција за Трент Александер-Арнолд, откако досегашниот капитен Дани Карвахал го напушта Мадрид.
Позната е најголемата желба на Мурињо за оваа позиција, тоа е холандскиот интернационалец Дензел Думфрис од Интер. Кралевите за него се подготвени да платат околу 25 милиони евра.
Како можна алтернатива се споменува и името на Педро Поро од Тотенхем.

