Навивачите на Порто го спречија трансферот на провокаторот Куентрао (Видео)

Искусниот лев бек Фабио Куентрао сепак нема да го облече дресот на Порто, а причината што трансферот пропадна во последен момент се гревовите кои фудбалерот ги има направено во минатото.

Мнозинството фанови на Порто се спротивставија на идејата клубот да го ангажира човекот кој во минатото ги провоцираше и плукаше. Куентрао има играно за Бенфика и Спортинг Лисабон и сакаше да комплетира хет-трик и да игра за сите три најголеми португалски клубови, но тоа нема да се случи.

Ова е втор пропаднат трансфер на Куентрао за помалку од една недела. Тој беше на прагот да премине во солунскиот ПАОК, но пред да стави потпис, се премисли од семејни причини.

Еве една од старите прослави на гол против Порто која не ја забораваат на „Драгао“:

- Оглас -

Најнови вести