Навивачите на ПСЖ и Барселона се максимално напалени пред утрешниот дуел (Видео)

Екипата на Пари Сен Жермен имаше две различни искуства од пред заминувањето на пат кон Барселона и по пристигнувањето во најголемиот каталонски град. Утревечер Светците на „Камп ноу“ имаат тешко гостување кај Барса во осминафиналето на Лигата на шампионите, а фановите кои нема да може да бидат на трибините, најдоа начин како да им дадат поддршка.

По последниот тренинг на ПСЖ, бројни фанови се собраа и со песни и палење факли им даваа поддршка на своите миленици, а истакнаа и навредлив транспарент наменет за Барса. Од снимките се гледа дека навивачите се многу мотивирани и сакаат тоа да им го пренесат на фудбалерите.

Денеска при влегувањето во хотелот во Барселона, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи беше навредуван од навивачи на Барса, кои го навредуваа, го провоцираа и му порачуваа да ги тргне рацете настрана од Меси. Како што е познато, ПСЖ и Манчестер сити се клубови кои се најзаинтересирани за Меси ако тој реши да ја напушти Барселона.

Еве какво испраќање имаа играчите на ПСЖ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести