Навивачите на ПСЖ се силеа дека ќе му дадат „лекција за цел живот“ на Меси, но се случи фијаско (Видео)

Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ губи од Рен со 0:1 на полувреме, а интересна беше реакцијата на навивачите на домашниот тим пред почетокот на средбата. Дел од фановите на ПСЖ најавија мисија со свирежи да го „поздрават“ Меси пред средбата и на тој начин да му порачаат дека Аргентинецот заработува многу повеќе пари од тоа што заслужува за игрите во дресот на нивниот омилен тим.

Кога официјалниот спикер го избовори името Лео, најголем дел од фановите на трибините извикаа Меси, а само еден мал дел почнаа да негодуваат. Едноставно мисијата на тие фанови што сакаа да го понижат Меси, не им успеа.

https://twitter.com/i/status/1637483440466542594

Веднаш по започнување на дуелот, на официјалниот Твитер профил на ПСЖ се појави интересна порака, која едноставно покажува дека тие му даваат целосна поддршка на Меси.

- Оглас -

Најнови вести