Навивачите на Работнички не сакаа да го гледаат срамот и предвреме си заминаа од „Јане Сандански“ (Видео)

МЗТ Скопје Аеродром ја искористи предноста на домашен терен и поведе со 1:0 во победи, во финалето на кошаркарскиот плејоф против Работнички. Победата на аеродромци ќе остане запамтена како највисока во дуелите со вечниот ривал (80:44).

Гостите од „Градски парк“ едноставно како да де предадоа во второто полувреме, па за 20 минути дадоа неверојато, само 12 поени. Ваквата очајна игра на најтрофејниот клуб не можеа да ја гледаат верните навивачи на Работнички. Околу 100-тина фанови на гостите, револтирано решија да ја напуштат трибината и тоа на четири минути пред крајот, кога МЗТ имаше предност од 30-тина поени.

И тренерот на Работнички, Марин Докузовски беше многу лут на своите играчи, па по средбата јасно кажа дека со такво незалагање, ниту еден играч не заслужува да го носи „црвено-белиот“ дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести