Навивачите на Реал Мадрид слават, Хоселу го зеде бројот 14, деветката уште е слободна

Шпанскиот репрезентативен напаѓач Хоселу денеска беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, а најголем интерес во јавноста предизвика тоа што 33-годишниот баџанак на Дани Карвахал (жените им се сестри близначки) го доби дресот со бројот 14, што индиректно значи дека Кралскиот клуб планира друго засилување за нападот бидејќи бројот 9 на Карим Бензема уште е слободен.

Иако Флорентино Перес најави дека веќе нема да има засилувања, до крајот на преодниот рок има уште 80-тина дена и Реал ќе купи нова „деветка“.

Бројот 14 во Реал беше слободен по заминувањето на Каземиро.

- Оглас -

Најнови вести