Навивачите на Реал му вратија на Бејл со иста мера (фото)

Во победата на Реал Мадрид против Реал Сосиедад од 3-1, за Кралевите по пауза од еден месец заигра Герет Бејл. Велшанецот не ни очекуваше топол пречек од присутните на „Сантијаго Бернабеу“, па и додека се загреваше навивачите го поздравија со свирежи.

Истото се случуваше во моментот кога требаше да влезе во игра на местото од младиот Родриго. Бејл згазна на тревата, а свирежите беа сè погласни. Во меѓувреме камерите уловија интересен транспарент од еден навивач со кој беше испратена порака за Бејл.

„Родриго, Вини, Лукас, па Бејл. Во тој редослед“, пишуваше на транспарентот како одговор за провокацијата на велшката ѕвезда, која пред неколку дена за време на евроквалификациите славеше со знаме на Велс на кое пишуваше: „Велс, голф, па Мадрид. Во тој редослед“.

- Оглас -

Најнови вести