Навивачите на Ренџерс полудеа по голот за 2-1 во судиското надополнување (видео)

Глазгов Ренџерс ја отвори сезоната во Шкотска со триумф од 2-1 против Килманрок во првото коло. Гостите до трите бода дојдоа по погодокот на Голдсон во првата минута од судиското надополнување, што предизвика луда еуфорија кај навивачите на Ренџерс.

Емотивната прослава за победничкиот погодок можеше да биде трагична, откако неколку навивачи се качија на кровот од местото што е наменето со лица за инвалидитет, по што дел од кровот не ја издржа тежината. За среќа немаше повредени, но стравствените навивачи дефинитивно претераа со славење.

https://twitter.com/iufchris/status/1158023587682488321?s=21

- Оглас -

Најнови вести