Навивачите на Сараево ја исполнија задачата и беа наградени со доведување на македонскиот репрезентативец

Даниел Аврамовски е промовиран во нов фудбалер на Сараево. Македонскиот репрезентативец доаѓа како засилување во зимскиот преоден рок. Аврамовски веќе ѝ се приклучи на новата екипа, која е на подготовки во Анталија.

„Среќен сум поради доаѓањето во Сараево. Долго време контактиравме и постигнавме договор. Со нетрпение чекам да заиграм пред навивачите на Сараево. Сакам да му помогнам на тимот да има подобри резултати“, рече Аврамовски.

Аврамовски во Сараево ќе биде под палката на тренерот Александар Васоски, кој исто така неодамна ѝ се приклучи на екипата.

„Даниел е врвен играч и стандарден репрезентативец на Македонија. На противниците ќе им создава проблем бидејќи има одличен преглед на играта и опасна левица, со ефикасна завршница. Освен можноста да игра на повеќе позиции, за нашиот напад од корист ќе биде и неговата одлична игра од прекин. Едвај чекам да го видиме на теренот во бордо дресот“, задоволно најавува Васоски.

За да го откријат новиот играч, челниците на Сараево дадоа задача до нивните навивачи. Требаше да се стигне до бројката од 4.000 следбеници на „Инстаграм“ за да се открие новото засилување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Sarajevo (@fk_sarajevo)

За тоа беа потребни околу 120 члена, па предизвикот за многу брзо време беше завршен, а Аврамовски промовиран во ново засилување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Sarajevo (@fk_sarajevo)

- Оглас -

Најнови вести