Навивачите на Сараево патуваа 2.500 километри до Грузија, но на улица се истепаа со домашните фанови, на стадионот со полицијата и беа исфлени од стадион (Видео)

Пред почетокот на мечот меѓу Торпедо и Сараево, навивачите на двата тима имаа физичка пресметка на улиците во Кутаиси, а потоа гостинските фанови на стадионот влегоа во клинч и со полицијата и на крајот беа истерани од стадионот.

Навивачите на домашниот тим ги нападнаа фановите на Сараево на улиците низ Кутаиси, а во тепачката се летаа и шишиња, но за среќа полицијата спречи поголем инцидент.

На стадионот, пред почетокот на натпреварот, дојде до тепачка на гостинските навивачи со грузиската полиција која потоа ги исфрли од трибините и не им дозволи да го бодрат својот тим.
Мечот меѓу Торпедо Кутаиси и Сараево заврши без победик 2:2.

- Оглас -

Најнови вести