Навивачите на Сити не сакаат да го видат Милнер на натпреварот во чест на Компани

Манчестер сити се подготвува за натпреварот во чест на нивниот долгогодишен капитен Винсан Компани. Спектаклот ќе се одржи на 11 септември, на стадионот „Етихад“ во Манчестер, каде што ќе се појават голем број поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди.

Еден од нив е Џејмс Милнер, членот на Ливерпул, кој пред да го облече црвениот дрес, пет години ги бранеше боите на Граѓаните. Милнер иако има одиграно над 200 натпревари за Сити и има две шампионски титули од тој период, не е омилен меѓу навивачите на англискиот првак од една причина.

Минатата сезона, кога се водеше тесна битка за тронот меѓу Сити и Ливерпул, Милнер истакна дека за првпат во неговиот живот навива за Јунајтед во манчестерското дерби. Токму затоа навивачите на Сити не сакаат Милнер да игра на мечот во чест на Компани бидејќи тоа би значело дека пак треба да го носи нивниот дрес.

https://twitter.com/YourMCFC/status/1169290062540001285

- Оглас -

Најнови вести