Навивачите на Словенија се тивки и на мака – Губат од Македонија и ќе чекаат за пат кон дома

Словенците се пофалија со голема поддршка од своите симпатизери на националната арена „Тодор Проески“, ги има над илјада и се одлични, но сега се и на мака.

Нивната репрезентација е надиграна во Скопје и губи со 0:2 од Македонија, а тие ќе мора да останат уште дополнителни десеттина минути на Источната трибина каде се сместени.

Такви се безбедносните протоколи, па Словенците ќе мора дополнително да почекаат за пат кон дома, секако и со болен пораз од Македонија, која води со 2:0 на десет минути до крајот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести