Навивачите на Специја качени на мотори го славеа влезот во Серија А (Фото+Видео)

Големиот историски успех на фудбалскиот клуб Специја, кој за првпат стана член на италијанската Серија А, не може да биде прославен на стадионот, но затоа фановите смислија начин како да прослават, возејќи се по улиците на градот со мотоцикли.

Специја е клуб од областа Лигурија, па во следната сезона Серија А првпат ќе има три клуба од тој дел на Италија. Покрај Специја, лигуријци се и градските ривали Џенова и Сампдорија. Освен Специја, во Серија А влегоа и Беневенто и Кротоне. Погледнете ја „скутеријадата“ низ улиците на Специја:

https://twitter.com/i/status/1296512751637061635

- Оглас -

Најнови вести