Во Атина вечерва се игра финалето во Конференциската лига на УЕФА, а битка за трофејот ќе водат Олимпијакос и Фиорентина. Олимпијакос ја има честа да игра во својот град, но сепак фаворитската улога е за гостите од Италија. Ова е трето издание на Конференциската лига, а во првите две на трофејот се радуваа Рома и Феенорд.
Финалето во Атина посебно внимание привлекува во Италија, поточно во Торино. Ако Фиорентина ја освои Конференциската лига, Виолетовите ќе обезбедат директен пласман во Лигата на Европа како освојувачи на трофејот.
Ако се знае дека Фиорентина ќе заврши на осмото место во Серија А и преку тој пласман ќе обезбеди место во Конференциксата лига, јасно е дека италијанскиот фудбал ќе добие уште еден преставник во Европа.
Екипата на Торино, која заврши како деветтопласирана во Серија А, ќе добие место во Конференциксата лига ако Фиорентина го освои трофејот во Атина. На тој начин Италија ќе стане првата земја во историјата на еврофудбалот што во една сезона ќе има девет клуба во натпреварувањата на УЕФА.
Интер, Милан, Болоња, Јувентус и Аталанта ќе играат во Лигата на шампионите, Рома и Лацио се сигурни во Лигата на Европа, а таму ќе им се приклучи Фиорентина ако вечерва го освои трофејот, па Торино, кој заврши на деветото место, ќе игра во Конференциксата лига на УЕФА.
Fiorentina win the Conference League tonight, Serie A will have 9⃣ teams in Europe next season pic.twitter.com/4WM88zbsau
— 433 (@433) May 29, 2024