Навивачите на Унион Берлин со пиротехничко шоу го прекинаа натпреварот во Шведска (ВИДЕО)

Екипата на Унион Берлин славеше на гостувањето кај Малме со 0:1, а шоуто го украдоа навивачите на германскиот тим, кои предизвикаа неколкуминутен прекин на натпреварот.

Судијата го прекина натпреварот во 60-тата минута поради гостинските навивачи, кои почнаа да фрлаат пиротехнички средства на теренот.

Прекинот добро им дојде на фудбалерите на Унион Берлин бидејќи во 68-мата минута го постигнаа голот вреден три бода преку Бекер, иако цело второ полувреме го играа со играч помалку поради исклучувањето на Шефер.

- Оглас -

Најнови вести