Навивачите не дозволија легендарната „Маракана“ да биде прекрстена во Пеле

Еден од најпознатите, можеби и најпознатиот стадион на светот, „Маракана“ во Рио де Жанеиро, нема да се прекрсти во „Кралот Пеле“. Имаше предлог од сојузниот гувернер на Рио де Жанеиро, легендарниот стадион да се вика Пеле, во чест на човекот кој го задолжи бразилскиот фудбал и единствен е со три титули светски првак, а и после пензионирањето, работи на промоција на Бразил.

Сепак, иницијативата е поништена, по притисокот од јавноста, и култниот стадион на кој во 1950 година имаше 200.000 гледачи што е светски рекорд, и понатаму официјално ќе се вика „Марио Фиљо“ (крстен по новинар кој лобирал за изградба на стадионот пред 80 годиин), иако сите го знаат како Маракана, по населбата во која се наоѓа.

Пеле никогаш не живеел во Рио де Жанеиро, па Кариоките како што ги нарекуваат жителите на „Јануарската река“, се бунеа зошто нивниот славен стадион да се вика по некој што е Паулиста (така ги викаат луѓето од Сао Пауло).

Кралот на фудбалот како што го нарекуваат Пеле, роден е во Минас Жераис, а најдолго живее во Сао Пауло, кој е 400 километри оддалечен од Рио и играше за клубот Сантош од Сао Пауло.

- Оглас -

Најнови вести