Навивачите од Берлин го погребаа Лајпциг затоа што е „фудбалска смрт“ (Видео)

Лајпциг со 3:1 славеше над Унион Берлин во меч на кој домаќините поставија еден нов рекорд во германската Бундес лига, но и се зацврстија на чело на табелата. Пред да се одигра овој меч, околу 1.500 гостински фанови на Унион Берлин протестираа низ улиците на Лајпциг.

Фановите со себе носеа крстови, ковчег и транспарент на кој пишуваше „Лајпциг е фудбалска смрт“. Со овој протест навивачите од Берлин покажаа омраза кон клубот кој е под владение на Ред Бул и не е во согласност со германските традиционални фудбалски прописи.

Во Германија, повеќе од 50 отсто од акциите на клубот треба да припаѓаат на навивачите. Во Лајпциг тоа правило само формално се почитува затоа што акциите се поделени на неколку луѓе кои се главни во Ред Бул.

Сепак, колку и да негодуваат одредени навивачи, Лајпциг засега на теренот делува одлично. Тимот е лидер во Бундеслигата со 40 бодови од 18 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести