Навивачите почнаа да се собираат пред канцелариите на Барселона: Се подготвува протест (видео)

Одлуката на Лионел Меси да си замине од Барселона од една страна беше очекувана по катастрофалната сезона на тимот. Сепак, симпатизерите на шпанскиот вицепрвак не можат да се помират со фактот дека Меси по 17 години сака да го напушти „Камп ноу“, по што почна собир пред клупските канцеларии.

Во најава е протест, незадоволните навивачи чекаат реакција од управата предводена од Хосеп Бартомеу. Нема сомнежи дека му претстојат тешки денови на петкратниот европски првак.

Едногласно, сите навивачи на клубот извикуваат „Бартомеу, дај си оставка“, што само го изразува незадоволството кај фан-базата на Каталонците.

https://twitter.com/HagridFCB/status/1298346764773347328

- Оглас -

Најнови вести