Навивачите покажаа да се знае кој е газда во градското дерби, властите на Берлин лути поради креативноста на фановите (Фото)

Во последните неколку сезони берлинското дерби му дава посебен шарм на германското првенство. Вечерва во главниот град, Херта е домаќин на Унион, а иако се игра без публика, низ градот се чувствува фудбалската атмосфера.

Навивачите на Херта решија да направат 60.000 знаменца во клупските бои и да ги распоредат низ централниот дел од градот како поддршка за своите миленици пред дербито. Ваквиот потег на фановите на Херта не наиде на одобрение од градските власти кои сметаат дека знамињата требало навивачите да си ги земат и по дома да ги веат, а не да се направи неред низ градот.

„Разбираме дека луѓето сакаат да бидат креативни и во моментите кога не е дозволен влез на навивачите на стадионите, но ова… Сега е направена потенцијална опасност во сообраќајот, а ќе се создаде и дополнително ѓубре. Мораме да преземеме некои мерки против ваквите дејствувања на навивачите“, вели еден вработен во берлинската градска управа.

 

- Оглас -

Најнови вести