Навивачите пред меч не сакаа да ги пуштат на терен, па добро е што не загубија (Видео)

Челзи одигра разочарувачки меч во Премиер лигата против Брајтон и на крајот заврши 0:0 на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. Најважните моменти од овој меч се случуваа пред да се појават фудбалерите на теренот.

Навивачите на Челзи протестираа пред стадионот и бараа Роман Абрамович да ја повлече одлуката Челзи да биде дел од новата Суперлига. Последните информации од Англија се дека рускиот тајкун се согласил да го откаже учеството во лигата на богатите.

Дуелот на Челзи против Брајтон за малку можеше и да не се одигра бидејќи навивачите не сакаа да го пуштат автобусот со фудбалерите на Челзи да пристигне на стадионот. Во целиот тој хаос, мораше да реагира и некогашната голманска легенда Петр Чех, кој работи во Челзи.

Чех ги молеше навивачите да се тргнат и да дозволат автобусот со фудбалерите да пристигне, што на крајот и се случи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести