Навивачите се радуваат: Се врати стариот Џани, Лидс му нуди да го продолжи договорот

Езџан Алиоски одигра во негов препознатлив стил за Лидс против Астон Вила во победата од 3:0, а коментарите на навивачите се дека популарниот Џани постети на времињата од Чемпионшип кога беше во топ-форма.

„Ова беше ретро на Џани. Брз, стабилен на својата природна позиција. Ни даде свежина, цврстина и очекуваме во ист стил да продолжи во Премиерлигата. Му требаше време да се прилагоди и среќни сме што полека, но сигурно влегува во препознатливата форма“, коментираат симпатизерите на Лидс.

По блескавата игра против Астон Вила најавено е дека ќе следат и преговори меѓу Лидс и Алиоски за продолжување на договорот што му истекува идното лето.

Македонскиот репрезентативец дојде во Лидс пред три години и успеа да му помогне на легендарниот англиски клуб по 16 години да се промовира во премиерлигаш.

- Оглас -

Најнови вести