Навивачка во Мексико на специјален начин го прослави голот на омилениот тим (Видео)

Францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак веќе неколку години е главна ѕвезда во мексиканското првенство. Жињак е главен голгетер на Тигрес, а на последниот меч на домашен терен токму Французинот погоди од пенал во 88-мата минута за победа од 1:0.

Кога беше досуден пеналот, многумина од навивачите со нетрпение чекаа да ја видат топката во мрежата и да се израдуваат на голот, а една навивачка имаше подготвено посебна „кореографија“.

Само што беше постигнат голот, навивачката без размислување го крена дресот и ги покажа голите гради.

https://twitter.com/i/status/1581297770799198208

- Оглас -

Најнови вести