Навратилова го нападна невакцинираниот Ѓоковиќ: Ако сака да биде лидер, треба така и да се однесува

Славната некогаш најдобра тенисерка на светот Мартина Навратилова му порача на Новак Ѓоковиќ да се жртвува и да се вакцинира против корона-вирусот, со што ќе покаже лидерски квалитети.

Чешката Американка, која има 18 гренслем-титули во кариерата, смета дека целиот скандал околу Србинот во Мелбурн можел лесно да се избегне.

„Ако сакате да бидете лидер, мора да дадете пример кој е заснован на доброто на сите. Сето ова можеше да се избегне, а вака којзнае како ќе се заврши. Тенисот е себичен спорт, но важно е да ги земете предвид и другите околу вас. Не би рекла дека ова што го прави Новак е арогантно, но малку е дрско. Починаа и луѓе кои беа во топ-форма. Не можам да го бранам што не е вакциниран, мора да се жртвува за благосотојбата на сите“, вели Навратилова кој вели дека одвај чекала да се вакцинира.

- Оглас -

Најнови вести