НБА бара 75 милијарди долари за продажба на ТВ-правата

Челниците на НБА-лигата планираат од следната продажба на ТВ-правата да заработат неверојатни 75 милијарди долари. Актуелниот десетгодишен договор за ТВ-правата истекува следната сезона (2024/25), кој на НБА и екипите им носи по 2,6 милијарди долари годишно, но од идниот договор сака да добива 7,5 милијарди долари по сезона.

НБА-лигата на заинтересираните телевизии им порача дека сака новиот договор да изнесува нмалку повеќе од 75 милијарди долари за 10 години и доколку двете страни најдат заеднички јазик, тоа би бил вториот најголем договор на име на ТВ-права во историјата на спортот (НФЛ-лигата во 2021 година ги продаде ТВ-правата за следните 11 години за неверојатни 110 милијарди долари).

Адутот на НБА во преговорите е тоа што минатата сезона секој меч бил гледан од 1,6 милијарди луѓе просечно, а во плејофот таа бројка оди и преку милиони. Уште еден голем адут на НБА се фановите низ целиот свет, како и сè поголемиот број кошаркари кои не се од САД.

Минатата сезона играле 120-мина кошаркари од 40 земји надвор од САД, а последните пет МВП-признанија ги освоија кошаркари кои не се од САД (Јокиќ, Ембид и Адетокумбо).

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, сè погласно зборува и за проширување на лигата од 30 на 32 екипи, што исто така ќе претставува адут во преговорите за новиот договор.

Фаворити да добијат нов тим се Сиетл и Лас Вегас, додека во Мексико сити би можеле да се преселат Сакраменто кингс, Њу Орлеанс пеликанс, Орландо меџик, Минесота тимбервулфс или Мемфис гризлис.

- Оглас -

Најнови вести