Лудо врти бројчаникот во НБА – Летаат неверојатни трансфери од стотици милиони долари

Огромни договори што се движат во рамките на максимумот потпишаа неколку НБА играчи, што ја прави кошаркарската лига најскапа на светот.

Бем Адебајо потпиша максимален договор на пет години, што ќе тежи вкупно 195 милиони долари, со вклучени бонуси, а ист таков договор со Јута џез потпиша Донован Мичел, а по него и Џејсон Тејтум со Бостон селтикс.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1331309233254514690?s=20

Брендан Инграм ја продолжи соработката со Њу Орлеанс пеликанс за пет години, за вкупна сума од 158 милиони долари, а пет милиони долари повеќе доби Деарон Фокс за продолжување на договорот со Сакраменто кингс.

Или вкупно само за петмина играчи во НБА-лигата се свртеа околу една милијарда долари, што е вртоглава сума што тешко може да ја достигне која било лига на планетата во ист преоден рок.

Особено ако се додаде дека имаше уште дузина кошаркари кои деновиве ги продолжија договорите, или сменија клубови со фантастични услови и стотици милиони долари за верност на неколку години.

- Оглас -

Најнови вести